top of page
Microphone

Предавачи на конференцијата

МАРИС М. БЕНХОВ

 

Претседател, BG Communications International Inc.

Mеѓународен претседавач на ИСО поткомитет TC37/SC2 и Меѓународен претседавач на ИСО поткомитет TC37/SC5

Марис е претседателка на BG Communications International Inc., водечка компанија за преведувачки услуги со седиште во Монтреал, Канада. Таа е предводник во напорите за стандардизација во преведувањето, како и за подобрување на позицијата на жените во бизнисот. Во моментов ја врши должноста на Меѓународен претседавач на ИСО поткомитет TC37/SC2 и Меѓународен претседавач на ИСО поткомитетот TC37/SC5.

 

Исто така, таа е член на Одборот на директори на канадското национално Здружение на јазичната индустрија (AILIA), а во 2019 г. истото здружение ја номинираше за член во Советодавниот комитет за невронски машински превод. Марис е член и на Програмскиот комитет за превод на Универзитетот МекГил кој работи на усогласување на наставните програми и предмети со барањата на пазарот.

Марис поддржува различни организации како што е Центарот MADA и членува во Стопанската комора на компании во сопственост на ЛГБТИ лица и во Мрежата на деловни жени на Квебек. Таа исто така, од 2007 година е член на Организацијата на жени претседателки и на Организацијата на жени претприемачки на Канада од 2009 година. Во 2019 година беше номинирана за член во Комитетот за надзор на добавувачи во Организацијата на жени претприемачки на Канада, а во 2020 беше избрана за претседавач на овој Комитет.

 

Со 25 години искуство како успешна сопственичка на компанија, таа својата енергија и страст ги влече од своето семејство и ужива да поминува време со своите три сина.

Maryse Benhoff - BG Communications 5.jpg

ГОРАН ПЛЕТВАРСКИ

Г. Горан Плетварски дипломирал на Машинскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за индустриски менаџмент со дипломски труд на тема стратешки менаџмент, стратешко планирање и форми на сопствеништво во малите бизниси. Во 2016 година на истиот оддел ја добива титулата магистер по индустриско инженерство и менаџмент. Неговиот главен предмет на истражување беа „Принципи на организациски дизајн во институциите од јавниот сектор во Република Македонија“.

 

Неговото работно искуство најпрвин започнува во институција од приватниот сектор. Подоцна се вработува на новото работно место во Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ). Овде работи како Раководител на одделение за општа стандардизација. Исто така, ги застапува македонските национални интереси, дејствувајќи како претставник на ИСРСМ во работата на Европската организација за стандардизација (CEN) и нејзините главни управни тела: Техничкиот одбор на CEN и Генералното собрание на CEN.

Некои од неговите главни обуки поврзани со неговата работа, опфаќаат: принципи и практики на стандардизација: основи на стандардизација и елементи на глобализацијата, процес на развој на македонски национални стандарди, пишување технички стандарди, обука за проект менаџер и користење на електронски форми, како и ефективна работа и компјутерски програми, управување со секретаријат и обука за менаџер: ефективно управување со активностите за стандардизација, техничка и нормативна ревизија на предложените ИСРСМ стандарди.

АНА ПОПОВА МАНАСИЕВСКА

Престедателка на ЗПРМ

ana manasievska.jpg

Ана Попова Манасиевска дипломира на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1999 година и до 2012 година работи како преведувач и толкувач во Министерството за внатрешни работи, како и за неколку проекти финансирани од САД и ЕУ.

 

Во 2000 година е назначена за судски преведувач и толкувач од Министерството за правда за англиски и шпански јазик.Од 2012 година таа е сопственик на мала агенција за преведување/толкување која се обидува да ги промовира стандардите меѓу другите такви субјекти на пазарот. Во овој период таа е ангажирана како хонорарен преведувач/конференциски толкувач од многу национални институции, меѓународни организации и неколку агенции на ОН и толкувала на многу обуки, тркалезни маси и конференции во земјата и странство.

 

Манасиевска магистрираше конференциско толкување во 2018 година.

Таа е активен член на ЗПРМ од 2013 година и претседател на ЗПРМ од 2020 година.

Таа активно поддржува различни иницијативи на заедницата, како и иницијативи и програми на ЗПРМ. Таа учествуваше како ментор за толкување на студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ уште од почетокот на Програмата за менторство на ЗПРМ.

Раководител на одделение за општа стандардизација, Институт за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) 

Goran Pletvarski Photo_edited.jpg

ХУЛИО Р. МОНТЕРО
 

Регионален директор, Megalexis Communications Inc.

Претседавач на Работната група за превод на Техничкиот поткомитет на ИСО за превод, толкување и сродна технологија (CAC/ISO/TC37/SC5)

Хулио Монтеро е регионален директор за подрачјето на Торонто на Megalexis Communications Inc. Тој е експерт за јазичната индустрија со повеќе од 20 години искуство. Неговата комбинација на квалификации и страст за јазици, глобални прашања и унапредување на услугите, се исклучително важни за неговата кариера во јазичната индустрија. Претходно Монтеро бил ангажиран како советник на институции и меѓународни развојни организации за институционална реформа и проекти за техничка помош, со што тој придонел за развој на национални и меѓународни стандарди за јазичната индустрија, а работел и на стекнување и надзор на јавни и приватни клиенти од висока вредност во широк спектар на области, како што се осигурување, право, е-трговија, угостителство, одбрана и безбедност, автомобилска индустрија и јавна администрација.

 

Монтеро дипломирал право на Универзитетот Андрес Бељо и магистрирал компаративно право со фокус на регулирани индустрии на Универзитетот МекГил. Учествувал како издавач и уредник во проекти на LexisNexis и на Меѓународната унија за телекомуникации, најстарата специјализирана агенција на Обединетите нации. Тој е исто така судски преведувач и член на Здружението на преведувачи и толкувачи на Онтарио и придружен член на Советот на Канада за преведувачи, терминолози и толкувачи. Хулио Монтеро исто така е сертифициран професионалец за локализација. Со единствена комбинација на правни, деловни и лингвистички квалификации и искуство, тој има експертиза за превод, толкување и локализација, консултантски услуги, продажба, набавки, управување, администрирање на договори, обука, исполнување на законски барања и регулирање на индустријата.

 

Хулио Монтеро е претседавач на Работната група за превод на Техничкиот поткомитет на ИСО за превод, толкување и сродна технологија (CAC/ISO/TC37/SC5). Тој исто така е и член на Одборот на директори на Канадското здружение за јазична индустрија и е член на Техничкиот комитет на Одборот за општи стандарди на Канада за развој и систематска проверка на канадскиот стандард за преведувачки услуги (CGSB-131.10).

Julio-Montero.png

МАРГEРИТA ЛЕЛИ

 

Поранешен конференциски толкувач во институциите на ЕУ и Шеф на Одделот за техничка усогласеност на работната средина на толкувачите

Претседавач за  ИСО TC37/SC5/WG3 од 2014

 

Маргерита Лели е ветеран во толкувачката професија и во процесот на стандардизација на толкувањето. Се стекнува со магистерска титула за превод и толкување на Универзитетот во Антверпен, Белгија и е корисник на стипендијата Фулбрајт на Државниот колеџ Ист Стросбург, Пенсилванија.

Нејзината богата професионална биографија вклучува и работа како слободен толкувач и преведувач (фриленсер), редактор на текстови, обучувач и менаџер на агенција за толкување од Брисел. Повеќе од десет години минува како толкувач вработена во Генералниот директорат за Толкување (ГДТ) при Европската комисија во Брисел, а потоа станува и Шеф на Одделот за техничка усогласеност на работната средина на толкувачите, позиција на која беше повеќе од 10 години.

Во моментот е пензионирана, но со активен договор со ГДТ како виш координатор за активностите поврзани со професионалните ИСО стандарди.

Marguerite Lely.jpg

Д-Р ВЕРОНИКА ПЕРЕЗ ГВАРНИЕРИ

 

Толкувач-консултант – член на АИИК/Калиопе Интерпретерс

Претседавач за ИСО TC37/SC5/WG2  од 2012

Д-р Вероника Перез Гварниери се стекна со докторска титула на Универзитетот во Кордоба, Шпанија во 2017.

 

Темата на нејзината докторска дисертација беше превод од судски одлуки. Автор е на неколку технички трудови од полето на превод, толкување и стандардизација на индексирани журнали.

 

Во 2016 година, д-р Перез Гварниери беше избрана во Извршниот Совет на Професионалното здружение на овластени преведувачи на Буенос Аирес (Colegio de Traductores Públicos de la Ciudad de Buenos Aires), каде што беше потпретседател до 2021 година. На полето на стандардизација, таа е претседавач за ИСО TC37/SC5/WG2, со 80 експерти кои повеќе од десет години работат на стандардизација на толкувањето. Д-р Перез Гварниери е автор на ИСО 18841 ЌСтандарди и препораки за толкувањето“, првиот меѓународен чадор-стандард за толкувањето.

 

Има учествувано во националниот  пионерски нацрт-стандард за толкување кој беше објавен во Службениот весник на Аргентина ИРАМ 13612. Што се однесува до нејзината активност како наставник, таа долги години и обучува судските толкувачи на Аргентина и е Директор на првата универзитетска после-дипломска катедра во Аргентина.

Foto VPG  low  def.png

АНГЕЛА САСО

 

 

Основач и управител на The Interpreter’s Lab

Претседател на Critical Link International

Претседавач и проектен лидер на Работната група на Техничкиот комитет на ИСО за наставни програми и програми за обука за толкување и превод (ISO TC 37/SC 5/ WG4)

Ангела Сасо е основач и директор на The Interpreter’s Lab (програма на Shifting Pictures Inc.), каде толкувачите доаѓаат да учат и да се развиваат како јазични професионалци.

 

Ангела започна да работи како толкувач во 1989, и оттогаш работи како едукатор на толкувачи, истражувач, автор на политики и стручен консултант. Во моментов е претседател на Critical Link International, и тоа во третиот мандат, и заменик претседавач од Канада на Комитетот на ИСО, ISO TC 37/SC 5 за превод, толкување и сродни технологии.

 

Ангела Сасо е меѓународен претседавач и проектен лидер на работната група на ИСО, ISO TC 37/SC 5/ WG4 за наставни програми и програми за обука за толкување и превод.

Angela Sasso Photo 1.png

ЛУКРЕЦИЈА МАЉКОВИЌ АТАНАСОВСКА

Член на Управен одбор на ЗПРМ

 

Координатор на РГ Толкување

Д-р Лукреција Маљковиќ-Атанасовска е долгогодишен преведувач и толкувач од англиски, македонски, хрватски, италијански и БЦС јазици, и е акредитиран симултан толкувач од страна на институциите на Европската унија од 2009. Во моментот е член на Управниот  одбор на ЗПРМ и кооординатор на Работната Група за конференциско толкување. Во нејзинотот портфолио се клиенти како Меѓународниот трибунал за воени злосторства на ОН во Хаг, многу други меѓународни институции и таа честопати толкува на највисоки државнички средби.

Има докторирано политички науки, магистерски студии за меѓународна политика и дипломатија и дипломирано на Филолошкиот факултет во Скопје, отсек англиски јазик и литература и италијански јазик и литература. Специјализира консекутивно и симултано толкување во Школата за професионални лингвисти во Кембриџ, Велика Британија. Во моментот хонорарно работи на Катедрата за последипломски студии за конференциско толкување при Универзитетот „Кирил и Методиј“ како  асистент за практичниот дел на наставата.

Таа е директор на Академијата за протокол на Македонија® и меѓународен консултант по деловна етикеција и дипломатски протокол, сертифициран од Школата за протокол од Вашингтон® и е член  на Меѓународната асоцијација на службеници за протокол и дипломатија со седиште во Вашингтон, САД. Своите квалификации ги усовршува во Брисел,  Вашингтон, Лондон, Франкфурт и Кембриџ.  Активно држи предавања за „Дипломатскиот протокол и толкувачите“, наменет за толкувачи кои толкуваат на високи настани.

Lukrecija Speaker Photo_edited.jpg

ИРЕНА КАЦАРСКИ ЌИМОВА

Основачки член и прв претседател на ЗПРМ

Член на УО на ЗПРМ, Координатор на РГ Стандарди

Ирена Кацарски Ќимова е слободен конференциски толкувач и преведувач со богато искуство. Работи за многубројни домашни, странски и меѓународни организации во земјата и во странство. Ирена беше еден од официјалните толкувачи во пристапните преговори на Р. Македонија со СТО (2000-2003).

Ирена е основач и првиот претседател на ЗПРМ (2010-2017). Под нејзино водство се воспоставени Годишната конференција за професионален развој и наградата Вавилон за најдобар млад преведувач. Ирена беше координатор на организациските одбори на првите четири конференции на ЗПРМ, и член на организациските одбори на сите конференции на ЗПРМ до сега. Ирена беше претседател на организацискиот одбор на наградата Вавилон до 2017 година. Во моментот, г-а Кацарски Ќимова е надзорен член на Управниот одбор на ЗПРМ и Координатор на РГ Стандарди.

Ирена е и ментор на студенти за писмен превод и за толкување во рамки на Менторската програма на ЗПРМ. Таа има одржано и многубројни работилници на ЗПРМ за преведувачи и толкувачи на различни теми, била говорник на конференции и учествувала на многу настани за професионален развој.

Дополнително, Ирена го изработи нацрт-концептот на ЗПРМ за самовработување на преведувачи и толкувачи, како физички лица, во Р. Македонија поднесен до Министерството за труд и социјална политика во 2015 и 2019 година. Во 2019, со уште пет колеги, Ирена учествуваше во изработката на Упатството за јавни набавки на услугите превод и толкување, објавено на интернет страницата на ЗПРМ на македонски јазик.

Г-а Кацарски-Кимова има дипломирано на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет, УКИМ (1989). Во 1998 година е назначена за судски преведувач и толкувач по македонски и англиски јазик од Министерството за правда на Република Македонија.

1516477164302_edited.jpg

САЛИ БЕЈЛИ РАВЕТ

Раководител на одделот за толкување, патувања и оргсанизација на настани, Главен конференциски толкувач, Совет на Европа

Сали Бејли Равет – магистер по конференциско толкување од ИСИТ (Institut Supérieur d’Interprétation et de Traduction) во Париз. Ја започнува својата кариера како толкувач за ФАО во Нигерија во 1989 година. Потоа работи како слободен толкувач во Стразбур, првенствено за Советот на Европа, Постојаниот арбитражен суд во Хаг, АРТЕ, Министерството за надворешни работи на Франција и Светската организација за интелектуална сопственост.

 

Во 1997 година станува постојан толкувач во Советот на Европа, а од 2007 година е Главен конференциски толкувач. Таа е и вонреден професор по предметот Конференциско толкување во Кембриџ, и надворешен член на испитните комисии на ИСИТ, ЕСИТ во Парис, ИСТО во Брисел и ИТИ-РИ во Стразбур.

Sally BR.jpg

ФАРДАД ЗАБЕТИАН

Главен извршен директор и основач на KUDO

Член на ИСО: работна група за технологии за толкување

Како визионерски претприемач, извршниот директор и основач на KUDO, Фардад, основаше и издигна уште две компании меѓу најбрзо растечките бизниси во Америка. Тој, исто така, ги прошири неговите деловни активности на клучните пазари во Европа и Азија.

 

На Фардад не му се непознати големите предизвици. Во 2012 година, тој беше дел од дизајнот и целосното преуредување на просториите за конференции и состаноци на Обединетите Нации, вклучувајќи ја и салата за Генерално собрание во Њујорк. Тој, исто така, одигра клучна помошна улога како снабдувач на опрема од висока класа за Годишните состаноци на ММФ/Светска банка и неколку европски институции.

 

Со KUDO, Фардад сега го пренесува искуството на состаноци  од далечина за да ги поврзе бизнисот и луѓето на вистински начин - без граници, без јазични или географски ограничувања.

Fardad Zabetian Photo.jpg

ХРИСТИНА ДОЈЧИНОВА КОЦЕВА

Основачки член на ЗПРМ

Организатор на конференции на ЗПРМ, од 2014 г.

Христина Дојчинова Коцева е толкувач и преведувач од англиски и француски јазик и професионалец од областа на комуникации и организација на настани, со завршени додипломски студии на Катедрата за преведување и толкување при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и магистратура по Европски студии на Универзитетот во Бон.

Во минатото, Христина има толкувано на стотици конференции, како и високи политички и деловни состаноци за клиенти како што се дипломатски претставништва, мултинационални компании, меѓународни организации и највисоката државна државна администрација, вклучително и Кабинетот на Претседателот на државата. Г-ѓа Дојчинова Коцева предаваше консекутивно толкување, политичка и ЕУ терминологија и писмен превод на Катедрата за преведување и толкување осум години, од 2005 до 2012 година. Христина е акредитиран преведувач за англиски/македонски јазик од институциите на ЕУ, овластен судски преведувач од македонското Министерство за правда и акредитиран преведувач од Министерството за државјанство и имиграција на Канада (CIC), Одбор за имиграција и бегалци.

Христина е основач и прв потпретседател на македонското Здружение на преведувачи и толкувачи. Како активен член на македонската заедница на ProZ.com, со поддршка на Конгресен сервисен центар, таа ја организираше првата средба на преведувачи - powwow во Македонија во јули 2007 година, и беше организатор на 6-тата меѓународна конференција за одбележување на 10-та годишнина на ProZ.com во Охрид во 2009 година, како и на многу настани за преведувачи оттогаш па досега, вклучувајќи ги и годишните конференции на ЗПРМ.

 

Христина е активна во канадската јазична индустрија како дел од BG Communications International, водечка преведувачка фирма со седиште во Монтреал. Таа го предводеше организацискиот одбор на Меѓународната конференција на Меѓународната организација за стандардизација - Технички комитет за јазици и терминологија ISO TC 37 за 2019 година во Отава, годишната конференција во 2020 година на Здружението на канадската јазична индустрија (AILIA) и беше менаџер на настани на Жени во локализација за источна Канада (Women in Localization Eastern Canada Chapter) во текот на 2019 година. Г-ѓа Дојчинова Коцева има одржано бројни презентации и предавања на теми поврзани со преводот и толкувањето и често ја има улогата на модератор на меѓународните конференции за превод.

20200812_044309.jpg
Fardad
Hristina
Irena
Lukrecija
Angela
Veronica
Margueite
Julio
Ana
Goran
Maryse
Sally
bottom of page